Кампањата за предвремените парламентарни избори почнува на 5 април
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.
Членовите на ДИК потенцираа дека донеле правична одлука во рамките на Законот која што е лесно применлива во услови кога се одржуваат предвремени парламентарни избори и истовремено вториот круг од претседателските избори.
ДИК денеска го донесе Роковникот за изборните дејствија за предвремените парламентарни избори. Согласно овој документ листите на кандидати за пратеници треба да бидат доставени до највисокото изборно тело до 29 март, а жребувањето треба да се одржи на 3 април.
Јавниот увид во избирачкиот список за предвремените парламентарни избори ќе почне на 16 март и ќе трае до 30 март.
Државјаните на Република Македонија со престој и живеалишта во странство од вчера до 31 март ќе можат да поднесат барање за гласање на предвремените парламентарни избори.
Повторно во земјите каде што Република Македонија има свои дипломатско-конзуларни претставништва во весниците ќе биде објавен јавен повик за гласањето на овие избори.
Дијаспората на предвремените парламентарни избори ќе гласа на 26 април, односно еден ден пред предвремените парламентарни избори и вториот круг од претседателските од 7 до 19 часот.
Извор: 24 Вести