Правдико

   

Кампувањето продолжува, оптимизам има-договор нема

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Напредок има но недоволен за прекин на бојкотот. Средношколците не се повлекуваат додека не се реализираат нивните барања.

0,,18327950_303,00

„Ќе издржиме и нема повлекување, тоа нема да биде сериозно од нас“. Овој став на еден од средношколците кои ја поминаа првата ноќ под шатори пред Министерството за образование доволно ја отсликува решителноста на младите ученици да истраат во барањата пред надлежните. Втората средба со министерот Адеми дава надеж дека е можен напредок, но проблемот е се уште далеку од решение: „Можеме да кажеме дека има напредок во преговорите. Покажаа слух за нашите барања, изразија добра волја за дијалог, но што тоа ќе значи допрва ќе видиме. Подготвени сме за некои отстапки, но нормално дека не од сите барања. Да видиме што тие ќе понудат па ќе разговараме. Засега остануваме пред министерството, а бојкотот продолжува“, велат од средношколскиот пленум чии претставници беа на средбата со министерот за образование Адеми и неговиот заменик Ристовски

Неофицијално можен е напредок во делот за враќање на стариот концепт на државна матура, за што требало да се дискутира на владина седница. Во делот пак на екстерното тестирање, работите според средношколците одат потешко, иако имало позитивна атмосфера за разговори.

Во меѓувреме кампот не се растура. Во паркот спорти МОН остануваат десетина шатори, неколку тенди, распослани ќебиња. Првата ноќ кампуваа 50-на главно полнолетни средношколци, денеска добија поддшрка и од други свои соученици:

„Не е лесно да се спие речиси под отворено небо, но тоа е немаме друг избор. Се бориме за нашите права како ученици, млади луѓе на кои ни е важно во какви услови и како ќе се образуваме. Вчеравечер бевме педесетина но гледате дека не има повеќе. Поддшрката е огромна, над илјада ученици стојат зад нас, тие доѓаат и ќе присуствуваат овде со нас во смени. Имаме и поддршка од родители, професори, но и од обични граѓани кои ни помагаат“, вели еден од присутните во кампот.

Учениците се свесни дека губат многу со тоа што не присуствуваат на настава. Како ќе се надополни загубеното велат не е само нивна обврска, туку и на надлежните:

„Ако има договор, а засега очигледно дека нема, тогаш наставата ќе продолжи. За нас не е проблем, мислам дека може да се надомести загубеното со дополнителни часови во работните денови и настава во викендите, во саботата. Но се ова засега е само како идеја, се зависи од тоа кога ќе дојдеме до решение од што зависи и прекинот на бојкотот“, велат средношколците.

Ваквиот развој не е стресен само за учениците, надлежните, туку и за професорите, посебно во училиштата каде не се одржува настава:

„Ние сме буквално збунети и да ви кажам затечени од целата ситуација. Лично сметам дека бојкотот никако не е решение, требаше да седнеме и ние на маса, а не децата да се остават вака на овој начин да ги бараат своите права од улица. Оваа ситуација е апсурдна, неблагодарна, секако дека и ние сме под стрес. Притисоци има, но сфатете ги и директорите во училиштата кои се обидуваат да обезбедат нормален образовен процес. Но тоа е кога се нудат и носат паушални решенија на нестручен начин. И затоа не треба да не чуди што децата ги фати инает. Многу е лоша состојбата, некој треба да попушти. Навистна неблагодарна ситуација“, коментира за Дојче веле професорка од едно од средните училишта во Скопје каде учениците ја бојкотираат наставата.

Наставата е во прекин во седум скопски гимназии Скопје и уште неколку други средни училишта во Куманово, Битола, Охрид. Средношколците бараат враќање на старото решение за полагање на матура и укинување на екстерното тестирање.

Извор: Deutsche Welle

Партнери на Правдико