Канада: Уапсени 10 лица што сакале да им се приклучат на џихадистите
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Канадската полиција уапсила 10 млади лица, кои се обиделе да ја напуштат земјата и да им се приклучат на џихадистите во Турција и во Сирија.
Полицијата потврди дека апсењата се случиле минатиот викенд и оти истрагата продолжува.
Пасошите на уапсените се запленети, а досега не е подигнато ниту едно обвинение, објави канадската медиумска мрежа „Си-Би-Си“.
Полицијата соопшти дека истражителите се сретнале со пријателите и со членовите на семејствата на лицата кои се обиделе да ја напуштат Канада.
Адвокатот на еден од уапсените за „Радио Канада“ изјави дека неговиот клиент е „жртва“ на која ѝ се обратиле преку интернет и ѝ ветиле „подобар живот“.
Некои од уапсените се поврзани со шест лица од Квебек, кои во јануари преку Турција заминале за Сирија.
Извор: Мета.мк