Правдико

   

Канадски туристи уапсени со кокаин вреден 22 милиони долари

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

01092016101006_web_canadian-women-cocaineДве девојки и еден маж, државјани на Канада биле уапсени во Австралија за шверц на дрога додека крстосувале.

Најден е приближно 95 килограми кокаин, спакуван во пакети во нивните куфери, изјавила Федералната полиција во Австралија.

Полицијата ги уапсила Изабеле Лагаце(28), Мелина Роберге(23) и Андре Тармине(63), сите од Квебек, пренесе „Торонто Стар“.

Двете девојки седум недели патувале заедно на бродот „Си Принцес“, и многу добро го документирале својот одмор на Инстаграм. Тие биле уапсени на 51-от ден од нивното 68- дневно крстосување.

Според весникот, проценетата вредност на кокаинот е околу 30,5 милиони австралиски долари, а тоа се околу 22 милиони американски долари, досега најголемата заплена на дрога од брод во Австралија.

Претходно веќе се водела заедничка истрага помеѓу канадската Агенцијата за гранични премини и Министерството за внатрешна безбедност на САД и властите биле подготвени за пребарување на крстосувачот, кога пристигнал во Сиднеј.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико