Изборот на претседатели за Врховниот и Кривичниот суд нема да се случи пред Нова година, потврдува претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски.
Вонредното оценување на кандидатите за претседатели се уште е во тек и Советот мора да го почитува рокот од осум дена за жалба.
„Оценките се тајни, секој кандидат ја добива својата оценка во плико. Изнесените наводи за поправање на оценки на одредени судии се шпекулации“, рече Караџовски.
Членовите на Судскиот совет на затворена седница во ноември донесоа одлука за вонредно оценување на кандидатите за претседатели на овие судови.
Одлуката за вонредно оценување ја донесе Советот поради тоа што застареле оценките на кандидатите кои последен пат биле оценети во 2014 година.
Извор: 24 Вести