Правдико

   

Караџовски тврди дека изнел личен став, а не на Судскиот совет

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, денеска преку соопштение информира дека ставовите изнесени на прес-конференцијата на 4 јануари годинава, а кои не се однесуваат на работата на Судскиот совет на Република Македонија се негов личен став.

Караџовски минатата недела одржа прес-конференција на која рече дека тој лично има кредибилитет да ги спроведува реформите во правосудството предвидени со стратегијата на Министерството за правда.

„Не сум во романтична врска со власта“, изјави тогаш Караџовски. Тој додаде дека критиките за работата на Судскиот совет од меѓународните организации се однесуваат само на периодот пред 2014 година, пред тој да биде избран за член на Советот. Според него, во стратегијата за реформи во праводуството на актуелната власт СЈО како дел од Јавното обвинителство на Република Македонија треба да се внесе што побргу, а не од 2019 година како што е предвидено. ,„Не ни требаат реформи како памфлет“, рече Караџовски.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико