Карактеристики на некои Трговски договори
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.
Договор за градење
Еден од поважните договори кој што се применува во трговскиот промет е договорот за градење, како и другите договори така и овај така и овај вид на договор е составен првенствено од две договорни странки: нарачател на работите (инвеститор) и изведувач на работите.Поаѓајќи од тоа, договорот за градење согласност законот за облигациони односи е дефиниран како договор за дело според кој изведувачот на работите во предвидениот рок според однапред изготвен проект да изврши градба на определено земјиште на било каков вид на објект, а нарачателот односно инвеститорот за тоа треба да плати надоместок. Со самиот договор за градба, произлегуваат права и обврски кој што се регулираат со самиот договор. Договорот за градба во практиката, а во зависнот од извршените градежни работи се појавува во неколку вида:
o Договор за градба во поширока смисла
o Договор за градба во потесна смисла
o Договор за градба под клуч
o Договор за инженери
Првиот вид подразбира таков вид на договор во кој што во себе ги опфаќа, ги сумира сите инвестициони работи на проектот кој е предмет на изградба или резимирано тоа значи изградба на инвестициониот објект, пуштање на објектот во работа, обучување или едукација на определен кадар, контрола на квалитетот и квантитетот, на градежниот материјал во објектот како и технички прием на самиот објект. Вториот вид подразбира таков вид на договор со кој што се врши изведување на градежни, занаетчиски и друг со нив поврзани работи. Третиот вид тој е потполно сличен со првиот вид на договор со тоа што тамусамото предавањето на клучевите од страна на нарачателот на самиот инвеститор значи и симболично предавање на самиот објект. Четвртиот вид кој што во основа претставува специфичен договор кој што покрај другите споменати елементи значи и пробно пуштање на објектот во работа и гарантирање на изведувачот на работите дека тој објект е изграден според сите технички нормативи и стандарди, поради што гарантира дека тој објект може да се пушти во тековна употреба. За разлика од другите договори, кај договорот за градба имаме одредени специфичности кој се огледуваат во следното:
1. Тој секогаш без исклучок се заклучува во писмена форма
2. Од неговиот почеток па до неговото извршување определени права и обврски има и државата, се работи за обврски на државата кои произлегуваат од управно правните прописи како што се:
– издавање на локација
– издавање одобрение за градба
3. Битни елементи на овај договор и правата и обврските на договорните странки сe:
– Предметот (објектот)
– Цената
Поаѓајки од овие елементи следуваат следните обврски како на изведувачот (извршителот).
Обврски на изведувачот се:
1. Изградба на објектот согласност изработената инвестициона – техничка документација
2. Изведување во пределен рок
3. Обврска за предавање на изградениот објект по протекот на рокот односно по неговата изградба
Наспроти овие обврски на изведувачот постојат следните обврски на инвеститорот (нарачателот). Кај обврските на инвеститорот спаѓаат и оние обврски кои произведуваат правни провиси и тоа:
1. Да изработи инвестициона техничка документација
2. Да обезбеди одобрение за градба
3. Да обезбеди доволно средства – финансии за изградба на објектот
Што се однесува на останатите обврски, тие се следните:
1. Обврска да ја плати договорената цена на градбата. Самиот начи на плаќање се утврдува во самиот договор
2. Да го прими објектот доколку тој е изграден согласно самиот договор така и согласно градежните прописи. Доколку при прием на објектот инвеститорот забележи одредени отстапувања предведени било во самиот договор, било отстапувања согласно прописите, на негово располагање му стојат следните средства:
– поднесување на приговор – рекламација и одредување на рок во кој што недостатоците треба да се отстранат
– доколку тоа остане безуспешно следно институционално средство е водење на судски спор.
Договор за застапување
Еден од позначајните договори кој што има подеднакво значење како во рамките на домашниот промет така и во меѓународниот промет, претставува договорот за застапување. Основна цел на овој договор е тоа што застапникот се обврзува за сметка на својот налогодавач да склучи определени договори со трети лица од областа на трговските дејности. Тргнувајќи од овие генерални поставки и според нашиот закон за облигациони односи како основен правен пропис го одредува овај договор токму на начинот кој беше претходно.
Во голем број на европски и вон европски земји договорите за застапување и договорите за посредување се сметаат за единствени договори. Нашиот правен систем отстапува од тој принцип и тоа сосема оправдано сметајќи дека договорот за застапување и договорот за посредување се автономни договори од проста причина што тие се диференцираат според војата правна природа, со други зборови, разликите помеѓу нив се состојат во следното:
1. Застапникот склучува договор за име и за сметка на својот налогодавач, а додека пак сосема е поинаква улогата на самиот посредник.
2. Имено посредникот секогаш настапува во свое име и своја сметка
Според нашите прописи и примената на определени критериуми можат и се разликуваат неколку видови на застапништво.
Според карактеристиката на територијата која покрива застапникот, тие можат да бидат:
– локални
– регионални
– генерални
– континентални
Според карактеристиката обем на овластување застапништвото може да се појави како: специјално и генерално.
Специјално е таков вид кога налогодавачот го овласти каков вид, на кој начин, и обем на кој начин да заклучи трговски договор. Вториот вид нема такво ограничување што значи дека застапникот не е посебно лимитиран каков вид на кој начин и во кој обем. Според тоа овие видови на застапништва се присутни со практиката и како такви се доста променливи и во домашниот и меѓународниот промет. Она што нив ги разликува е тоа што договорот за застапништво во домашен промет е неформален договор – може да биде заклучен во било која форма, наспроти тоа во меѓународниот промет без исклучок овие форми се склучуваат во писмена форма. Од самата содржина на договорот последователно следуваат обврски и права. Обврски на застапникот – тие обврски во зависност од видот на договорот можат да бидат различни но генерално тие се синтетизирани во неколку групи.
1. Да се склучи договор
2. Да се грижи и заштитува за интересите на својот налогодавач
3. Да го известува за сите превремени дејствија во текот на процедурата која што е во примена од неговото склучување до неговото престанување
4. Да се придржува до налогот кој што е добиен од страна на налогодавачот, меѓутоа нашите правни прописи како и голем број европски прописи ја допуштаат можноста односно ширината на застапништвото да проценува како во конкретен случај е најисправно да се постапи.
5. Да ја чува деловната тајна
6. Да води деловна книга односно да издаде потврда за заклучениот договор
Обратно од обврските следуваат следните видови на права: Како права според законот за облигациони односи се:
– правото на провизија – нејзината висина се определува со самиот договор а таа вобичаено зависи од обемот на извршените работи
– право на надоместок на трошоците
– заложно или реденционо право
Застапникот има право да задржи при себе извесни предмети (материјали или парични) се додека не се наплатат побарувачките на застапникот од својот
налогодавач.
Престанок на договорот
Прв начин е непочитување, неправилно исполнување значи можност за негово модифицирање или раскинување.
Договор за посредување
Договор за посредување претставува таков вид на договор со кој лицето именуван како посредник се обврзува да пронајде и го доведе во врска својот налогодавач со лице кое што би преговарало за склучување на определен вид трговски договор. Исто како и кај застапништвото и кај овај вид на договор различна е улогата помеѓу онај кој се остварува во домашниот и меѓународниот промет. Особено неговото значење почнува интензивно да расте после втората светска, особено кога започна трговската размена помеѓу Сад, Европските држави и Азиските држави – Јапонија. Всушност тоа е периодот кога самата категорија на посредништво се повеќе добива во својата економска улога изразено на начин што поекономично и порационално помага во остварување на таа трговска размена. Како кај договорот за застапништво така и кај овај договор се забележува определена разлика во однос на формата на неговото склучување. Во домашниот промет овај договор е неформален додека во меѓународниот промет со оглед на тоа што тој е посложен тој договор се склучува во писмена форма. Од самата пригода на овој договор произлегуваат определени обврски и права на самиот посредник. Основни обврски на посредникот се:
1. Да се бара трето лице – тоа значи дека посредникот со внимание на добар стопанственик треба да најде трето лице, својот налогодавач да може да склучи договор од областа на трговската дејност
2. Извршување на налогот на својот налогодавач
3. Посредникот да се труди да му гарантира да му најде партнер на својот налогодавач
4. Чување на деловна тајна која посебно се изразува во заштита на интересите на својот налогодавач
5. Водење на дневник во кој што се евидентира сето она што е преземено како дејствие, кој треба да произлезат од природата на самиот договор
Издавање на посреднички лист или потврда со која што се известува својот налогодавач за сите преземени дејствија.
Права на посредникот – исти како и кај застапникот. За разлика од застапниците посредниците не се разликуваат според тие критериуми туку според природата која ја вршат.
Престанок на договорот за посредување
Начинот на престанок на овој договор е сосема истоветен како и договорот за застапување.
Договор за комисион
Спаѓа во групата на трговски договори кои што имаат специфична улога изразена во тоа што со договор се вршат трговските услуги. Самиот поим на договорот е уреден со законот според кој комисионерот се обврзува од свое име и за сметка на својот комитент да изврши една или повеќе трговски работи а должен е да прати определен надоместок. Договорот за комисион нема некоепоголемо економски значење во рамките на домашниот промет за сметка на тоа во меѓународниот промет тој е еден од ретките договори кој што заедно со договорот за меѓународна купопродажба имаат свое посебно значење. Самиот предмет на овај договор може да биде различен но најчесто неговата употреба е кога се врши купување или продавање на определени стоки и услуги. Овај вид на договор многу се разликува од претходните два договори (договор за застапување и договор за посредување) со тоа што постојат земји како што е според англо – саксонското право, овие три вида на договори да се споени во еден единствен и субјект така наречен агенти.
Договорот за комисион спорд европското право (француското и германското) се подредени како независни. Нашиот систем го прифаќа системот на европското право и затоа овај договор според напите прописи се третира како автономен,самостоен договор. Според тоа договорот за комисион спаѓа во група на онсензуални договори (двострано обврзувачки) и во групи на неформални договори, со таа разлика што во меѓународното трговско право се отстапуваа од таа неформалност односно според сите меѓународни конвенции како и претходните два овај договор се смета за формален (за заклучува во писмена форма). Содржина на договорот за комисион произлегуваат определени правни обврски како помеѓу комисионерот и комитентот така и односи спрема трети лица. Всушност се поставува прашањето за правата и обврските помеѓу комисионерот и самиот комитент или поедноставно кажано се поставува прашањето кои се основни обврски на комисионерот? Тие обврски се:
– Обврски да склучи определена работа со трети лица
– Обврски да се застапува според налозите на својот комитент
За разлика од претходните видови на договор содржината на самите налози се точно и прецизно определени во самиот налог што го издава комитентот, точно е утврдено што треба да направи самиот комисионер.
– Обврски да ги штити интересите на својот комитент
– Да го известува за сите дејствија
– Да направи пресметка на цената на извршените услуги
Наспроти овие обврски на комисионерот следуваат определени обврски на комитентот. Тие се:
– Обврски да се плати провизијата
– Обврски да се платат трошоците
– Заложно право
Од самата природа на тие обврски во практиката и применета на овај договор постојат следните видови комисиони работи.
Првиот вид е така наречен куповен комисион под, кој треба да се подразбере таков вид каде што комисионерот се обврзува за определена провизија т.н. награда да ја купи определен вид стока во име и за сметка на својот налогодавач.
Вториот вид е продажен – обратно од куповниот. Посебен вид кој особено има значајна улога во меѓународниот промет поаѓајќи пред се од степенот на одговорноста што комисионерот ја носи спрема својот комитент, а се изразува во тоа што нема само да склучи договор, туку воедно и ќе гарантира дека третото лице уредно и навремено ќе ги исполни сите обврски утврдени со тој договор. Што се однесува до обврските спрема третото лице тие се директна последица на видот на самите комисиони работи, трето лице може да се појавува како посредни и непосредни лица во овај договор. Како непосредни луѓе тие се јавуваат како лица со кои се склучува определен вид на договор додека како посредни кога било комитентот, било комисионерот пренесуваат определени обврски и права во врска со извршување на самиот договор.
Престанок
Со правилното негово исполнување се разбира и со неправилното исполнување на правните опции на едната и другата страна .
Договор за складирање
Договорот за складирање (т.н. складишен договор) претставува таков вид каде што едниот субјект во вид на складиштар се обврзува да прими на чување определен вид на стока на секој депонент а за тоа депонентот си плаќа определен надоместок. Складиштарите се специјализиран вид на трговски субјекти кај што во зависност од видот на стоката што ја примаат на чување, локацијата каде што се сместени, целта на нивното оснивање можат да бидат поделени по неколку групи:
Првиот вид се т.н. царински складишта, што е карактеристично тоа што тие се осниваат само на места каде што постои царинарници. Во нив се сместува стока наменета за увоз – извоз која што не се царини односно нејзиното царинење настанува кога стоката го напушта царинското складиште.
Вториот вид е онсигнациони складишта – за овај вид карактеристични се следните компоненти:
1. По правило без исклучок тие се јавуваат како застапници на странски фирми во определена држава.
2. Привремено се сместува стоката на странско трговско друштво која што е наменета за продажба на домашен пазар
3. Стоката не се царини
4. Се додека е сместена стоката во складиштето таа се наоѓа под царински надзор
5. Нејзиното продавање значи почеток на отпочнување на царинска постапка.
Царинската постапка започнува со поднесување на царинска декларација.
Трет вид – слободни царински зони се посебен вид на складишта кои што има не само економско туку и политичко значење затоа што нивното отварање оснивање не зависи само од економски причини туку е резултат на повеќе политички односи помеѓу државата каде што тие се основани. Под слободни царински зони согласност законот се подразбира дел од Македонското царинско подрачје врз кое се применуваат определени царински олеснувања. Тие олеснувања значат мотивираност да определена странска држава инвестира во рамките на друга држава. Во слободната зона се сместуваат различни видови на царински стоки увезени од странство на оние држави кој што се заинтересирани да ја продаваат својата стока и на дотичното подрачје. Секоја современа земја конципира таква царинска политика која што за да привлече странски капитал вообичаено царинските давачки – тарифи се далеку пониски во однос на сите останати тарифи, се применуваат за други останати видови. Самиот договор за складирање создава права и обврски за двете страни. Тука се побитни обврските на складиштарот а тие се:
– Да прими секаков вид на стока депонентот без било каков вид на дискриминација под услов ако за тоа има соодветен складишен простор
– Како специјализирање трговското друштво стручно и професионално да ја чува стоката
– На својот депонент да му издаде т.н. складишница која што претставува посебен вид на хартија од вредност затоа што депонентот со поседувањето на складишницата може слободно да ја продава стоката на пазарот, без физички да ја поседува
– Да ја осигури стоката според сите домашни и меѓународни прописи складиштарот може да ја продаде стокатапод услов ако таа започнала да се оштетува, уништува
Права на складиштарот:
– Право на провизија (награда)
– Надоместок на трошоците
– Ретенционо право
Договор за стоки и услуги Преставува таков вид на договор според кој едната договорна страна како извршител на работите се обврзува во интерес на другата договорна страна, нарачател на работите да изврши контрола на стоките и услугите и за тоа да издаде сертификат за извршената контрола. Самата контрола се однесува на квалитетот и квантитетот односно се работи за специфични стоки и услуги кои што договорните странки не се до тој степен доволно стручни, затоа бараат помош од определени стручни специјализирани трговски друштва во однос на тој квантитет. Обврска на вршителот на контролата е тоа да го изврши најстручно, најкомпетентно.
– Да издаде сертификат со кој се гарантира и се штитат интересите на својот нарачател на самата контрола
Правата се исти како и кај претходниот договор Договор за осигурување Осигурувањето како институција се повеќе и повеќе зазема свое место во
системот на осигурување како на имотот така и на лице. Самиот систем на осигурување се остварува со заклучување на договор со кој што осигурувачот
од трговското друштво се обврзува доколку се случи осигурениот настан т.с. ризикот на осигурување на осигурениот на да му ја наплати договорената сума –
оштета. Според природата во практиката можат да се појават неколку вида на осигурување, најбитни се:
– Според предметот и лицата
– Според методот на осигурувањето и тоа според нашите прописи осигурување врз доброволна основа на договор (доброволно осигурување) и принудно сигурување – врз основа на пропис Самото склучување на договорот настанува не само со склучување на договор туку тој се смета за заклучен со издадена полиса. Од самата природа на договорот произлегуваат следните елементи на осигурување:
– Ризик на осигурување (претставува иден неизвестен настан)
– Премија претставува паричен износ кој што осигуреникот е должен да го плати како надоместок доколку настапи ризикот на осигурување
– Сума на осигурување (е износ кој што осигурувачот е должен на осигуреникот да му ја наплати причинетата штета
Обврски на осигуреникот и осигурувачот
Осигуреникот е должен да го известува осигурувачот за секоја промена која настанува во врска со предметот на осигурување. Обврска на осигурувачот е да
создаде полиса
– да ја плати договорената полиса
Договори за превоз на патниот сообраќај
Договорите за превоз воопшто во сообраќајот во зависност од видот на превозот се поделени како договор во патниот сообраќај, железничкиот, поморскиот, воздушниот, речниот. Во областа на патниот сообраќај тој е таков вид на договор во кој што превозникот се обврзува за соодветна награда да изврши превоз на стока од едно до друго место на кого што му го предава испраќачот а треба да го прими примачот. Со оглед на територијата на кој се одвива овај вид на превоз тој се дели како:
– Домашен
– Меѓународен сообраќај
Како и другите видови на договори така и овај договор создава права и обврски за едната и за другата договорна страна. Сигурно е дека најзначајни и најбројни
обврски се на самиот превозник. Обврски:
1. Да го стави возилото на располагање на испраќачот
2. Да ја преземе стоката
3. Да издаде товарен лист – во рамките на тој товарен лист претходно се опишуваат податоци за самиот превозник, податоци за видот на стоката, податоци за испраќачот, податоци за примачот.
Меѓународен товарен лист покрај што има значајна економска улога се третира како посебна хартија од вредност со една ограда дека не ги содржи сите обележја што ги имаат хартиите од вредност. Особено во кругот на обврски посебна улога имаат одговорноста на превозникот, правилно и навремено да го изврши превозот и посебно да се грижи од било какво штетување и оштетување на стоката. Особено според меѓународните сообраќајни прописи сите овие превозници кои ставаат на располагање превозни средства треба да се технички исправни како еден од предусловите за правилно извршување на превозот. Одговорноста значи според меѓународните прописи е далеку поголема со повисок степен на одговорност што е сосема нормално.
Обврски на испраќачот и на примачот
Обврска на испраќачот е да ги плати превозните трошоци, најчесто според меѓународните прописи. Тоа е приоритетна обврска, тоа е обврска на испраќачот но не се исклучува и тоа да биде и примачот во услов ако е внесена клауза во самиот договор. Посебна обврска на примачот е не само право туку и обврска да ја прими стоката под услов ако значи правилно исполнување на самиот договор. Според прописите примачот нема право да го одбие приемот без за тоа да постојат оправдани причини. Примачот има право да одбие само тогаш кога доколку за тоа постојат оправдани причини, а тие секогаш се ценат во секој конкретен случај.
Договор за шпедиција
Договор за шпедиција т.е. експедирање значи дека шпедитерот според договорот се обврзува да вклучи најчесто договор за превоз во има и за сметка на својот налогодавач, да склучи други видови на договори кои што во конкретниот случај се потребни да биде извршено трговска размена, најчесто купопродажба на стоки помеѓу продавачот и купувачот. Шпедицијата за разлика од други видови договори спаѓа во групата на посложени договори, бидејќи таа во основа се третира како услужна дејност, како дејност во својата работа ги поврзува производителите и потрошувачите, со тоа што таа е дејност со која што се врши увоз, извоз и транзит на стоки и услуги.
Шпедитерските трговски друштва претставуваат специјализирани трговски друштва, чие што значење особено во меѓународната трговија постојано расте од едноставна причина што таа (шпедицијата) и до ден денес остана како незаменлива дејност која што го организира опремувањето, значи извозот или допремување – увозот на стоката од или во странство. Тргнувајќи од тоа особено е значајна улогата на меѓународната шпедиција која што првенствено ги заклучуваат договорите за превоз, го определуваат превозниот пат – инстрадиција и посебно меѓународниот шпедитер значајна улога има во изборот на самиот превозник. Со други зборови одговорноста на шпедитерот во тој избор се сведува на превозот да биде извршен со што помали ризици од нејзино оштетување или уништување. За ваквите обврски на шпедитерот соодветно одговараат и определени видови на права:
1. Право на провизија, надоместок за извршените шпедитерски работи, особено улогата на шпедитерот е особено значајна во рамките на царинската постапка а таа улога од толку што секој увоз, извоз е поврзан со спроведување на таква постапка, а неговата улога се сведува да ги припреми сите царински документи кои што се различни и доста бројни во зависност од видот на стоката што се увезува или извезува.
2. Надоместок на трошоците – неспорно е дека во меѓународниот превоз/промет кога стоките поминуваат голем број на земји се прават и определени трошоци кои што пак се различни од земја до земја согласно нивните домашни прописи, поради што шпедитерот води т.н. шпедитерска книга во која што ги евидентира сите видови на трошоци, посебно нивната висина. За таа цел има обврска да му презентира на својот комитент преглед на сите видови на направени трошоци.
3. Право на реденција – заложно право со тоа што бидејќи оваа дејност е посложена и самата залага не може генерално да се однесува на сите негови побарувања спрема комитентот, туку само единствено на оние побарувања кои што се поврзани со неисполнување на оние обврски од страна на комитентот. Во однос на престанокот важат истите правни правила кои што се однесуваат на сите видови на договори, а посебно на договорот за комисион.