Карактеристики на нужната одбрана | Правдико

Правдико

   

Карактеристики на нужната одбрана

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

U.S. Gun Sales Reach Record Levels In 2012Согласно Кривичниот законик на РМ, нужна е онаа одбрана што е неопходно потребна сторителот да одбие од себе или од друг, истовремен противправен напад. Нужната одбрана ја има ситуацијата кога еден противправен напад се одбива на начин што се остварува законското битие на кривичното дело. Меѓутоа тоа кривично дело не постои доколку при одбивање на противправниот напад постоеле сите законски услови за нужна одбрана.

Не е кривично дело она дело што е сторено во нужна одбрана.

Со анализа на дефиницијата за нужна одбрана произлегува дека за постоење на нужна одбрана е потребно од една страна да постои, актуелен противправен напад, и од друга страна, како одговор на тој напад – нужност, неопходност на одбраната.

Нападот може да се дефинира како противправно дејствие насочено кон загрозување или повреда на некое правно добро. Во практиката најчесто се работи за напади врз животот, имотот, слободата, но не се исклучени ни други добра.  Нападот од секој човек без оглед на неговата возраст, способност за расудување, без оглед дали нападот е извршен со намера или случајност му дава право на нападнатиот да се брани со нужна одбрана. На пример некој во одбрана на својот живот го убива напаѓачот. Во случаевите каде како средство за извршување на нападот се користи животно како на пример куче, тогаш како напаѓач би се третирал човекот(сопственикот).

Противправност на нападот

Нападот мора да биде противправен, за да нападнатиот има право на нужна одбрана. Противправност на нападот се смета дека постои кога зад дејствието на напаѓачот не стои никакво правно овластување, засновано врз општ или поединечен правен акт. Следствено на ова на нападнатиот нема да му се признае правото на одбрана, доколку дејствието што е насочено против него се темели врз некое законско овластување. Така на пример, лицето кое е затечено при извршување на кривично дело, нема право на нужна одбрана, ако кој и да е граѓанин го лиши од слобода. Но доколку се случи дејствието да излезе надвор од рамките на правно дозволеното ( на пример, службеното лице го пречекори своето службено овластување) тогаш нападнатиот има право да се брани од таквата злоупотреба на неговото овластување.

Напаѓачот не може да се повикова на нужна одбрана ако нападнатиот, бранејќи се од нападот преземе дејствија со кои ќе го одбие противправниот напад со кои се загрозуваат неговите правни добра, но може доколку нападнатиот продолжи со својата одбрана и по престанокот на нападот, или ако ги пречекори границите на нужна одбрана. Во овој случај дејствието на нападнатиот станува противправно и против него напаѓачот има право на нужна одбрана.

Услов за постоење на нужната одбрана е нападот непосредно да престои или сеуште да трае, при што нужната одбрана е допуштена за сето време само додека трае противправниот напад, се додека постои можност со противнапад да се санира остваренатаповреда на заштитеното добро. Не се смета за нужна одбрана онаа акција која ќе се изврши после нападот. Од моментот кога напаѓачот ќе побегне, нападнатиот го нема веќе правото на нужна одбрана.

Неопходност на одбраната

Screenshot_3За да биде нужна одбраната, преземената одбрана мора да биде неопходно потребна за одбивање на нападот. За да може да се рече дека одбраната е неопходно потребна, мора да постои пропорционалитет меѓу интензитетот и опасноста на нападот и самата одбрана. Оттука колку што е пожесто и посилен нападот, толку и нападнатиот има право на поинтензивна и посилна одбрана. Но кога постои можност за повеќе начини на одбрана, тогаш треба да се избере оној начин што најмалку го повредува доброто на напаѓачот, а сепак ја отстранува опасноста.

Нужната одбрана си има и свои ограничувања. Не постои нужна одбрана ако се работи за очигледно неподнослив диспропорционалитет помеѓу нападот и одбраната. Во смисла на ова од нужна одбрана се исклучуваат случаите како на пример, една шлаканица не може да оправда тешка телесна повреда или пак поради една тупаница да го убие напаѓачот.

Пречекорување на нужната одбрана

Според Кривичниот законик: “Сторителот кој ги пречекорил границите на нужната одбрана може да се казни поблаго, а ако пречекорувањето го сторил поради силна раздразнетост или уплав предизвикан со нападот, може и да се ослободи од казна”.  Според одлука на ВСМ, Кж бр.25/86 постои пречекорување кога сторителот употребил средство што не било неопходно потребно за одбивање на нападот. Исто така кога одбраната се презема пред нападот или по неговото престанување, треба да се земе дека не постои нужна одбрана, па според тоа ни нејзино пречекорување.

–ПРАВДИКО–

 

Партнери на Правдико