Карактеристики на предбрачниот договор | Правдико

Правдико

   

Карактеристики на предбрачниот договор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

PrenupПредбрачниот договор претставува договор склучен помеѓу две лица кои имаат намера да склучат брак. Договорот претставува обид на идните брачни другари да ги дефинираат меѓу себе правата и обврските како и одговорностите кои ќе произлезат од бракот, и тоа во случај на смрт на едниот брачен другар, поништување, разделување или развод на бракот.

Она што најчесто се случува со предбрачните договори е договарање во поглед на издршката која ќе му ја пружи едниот брачен другар на другиот, како и одредување на еднаква распределба на имотот.

Покрај големите стравови и тврдења дека ваквиот тип на договори промовира развод, праксат покажала малку поразлични резултати. Со постоењето на ваков тип на договор, луѓето добро ќе размислат да ли да влегуваат во брак, при што на многу парови ваквиот договор им служи како осигурување за подолго траење на бракот.

Се разликуваат неколку видови на брачни договори и тоа

– договор за формирање животна заедница е договор кој се склучува помеѓу немажени лица кои живеат или имаат намера да живеат заедно, а во кој  се уредуваат нивните идни намери, права и обврски како и за меѓусебно почитување додека живеат заедно.

– Договор за време на бракот е договор кој се склучува помеѓу две лица кои се веќе во брак и кои сакаат да го продолжат својот брак, но и да ги дефинираат нивните права и обврски во случај на разделба, развод или смрт на е еден од брачните другари.

– Договор за разделување е договор кој го склучуваат брачни другари кои се во постапка за развод или законско разделување, во кој ги одредуваат условите за развод или разделба како и понатамошните обврски помеѓу нив. Овој договор најчесто се предлага до судот, од кој се бара да го приклучи кон пресудата за развод на бракот.

Во правниот систем на Република Македонија сеуште не е регулиран предбрачниот договор и како таков не може да има правно дејство. Нашата држава е меѓу последните кои не го имаат воведено предбрачниот договор на балканот. Засега брачниот договор е законски регулиран во Франција, Германија, Австрија, Швајцарија, Шведска, Данска, Финска, Грција, Белгија, Полска, Холандија и други, а во поново време вакви  реформи воведоа и Србија, Хрватска, Русија, Унгарија, Црна Гора,Бугарија и Република Српска.

Ваквиот тип на договори се доста познати помеѓу ѕвездите од западот. Ова се дел од предбрачните договори на познати ѕвезиди за кои постојано се зборува:

Во предбрачниот договор на Џеј зи и Бијонсе стои дека Џеј зи ќе треба да плати по 5 милиони долари за секое дете што ќе го роди Бијонсе, како и оштета од по 1 милион долари за секоја година што биле во брак, доколку настане развод помеѓу оваа славна двојка.

Договорот пак на Кеит Урбан и Никол Кидман предвидувал оштета од 640.000 илјади долари за секоја година што биле во брак во случај на развод или употреба на дрога на било кој од нив.

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико