Карактеристики на вкрстеното испитување | Правдико

Правдико

   

Карактеристики на вкрстеното испитување

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

019(1)Со новиот ЗКП се воведуваат нови институти/постапки и механизми кои потекнуваат од акузаторниот систем. Вкрстеното испитување поставувањето наведувачки прашања, кои однапред го сугерираат одговорот е веројатно најдинамичната и иновативна алатка која се усвојува од акузаторниот систем и која треба да им користи на обвинителот и адвокатот на одбраната.

Препознавањето на новата кривична постапка/кривичен систем како акузаторен, во рамки на член 5 од новиот ЗКП, значи дека и обвинителот и одбраната се странки во постапката со еднакви права, кои можат да презентираат и да оспоруваат одредени докази, меѓу другото и преку вкрстеното испитување.Во член 4 од новиот ЗКП се гарантира начелото на in dubio pro reo. Тоа значи дека адвокатот на одбраната треба да има право да поставува прашања преку кои ќе биде во можност да прикаже евентуално постоење на други можни решенија и објаснувања, на тој начин создавајќи одредена доза на сомнеж. Член 21 од новиот ЗКП го дефинира вкрстеното испитување како „испитување на еден сведок или вешто лице од спротивставената страна, што го претставува начинот на кој таквите докази се изведуваат во текот на главната расправа.”

Целта на вкрстеното испитување на еден сведок е да се извлечат или да се потенцираат оние работи кои одат во корист и ја поддржуваат вашата теорија за случајот , истовремено оспорувајќи го, разводнувајќи и дефокусирајќи го сведочењето на сведокот, за време на директното испитување. Тоа се постигнува преку кратки и наведувачки прашања, кои конкретно се однесуваат на битните факти (декларативни изјави со прашален тон) на кои се добиваат очекувани одговори, организирани по последоватлен  редослед, со вовед, кој одговара на секое поединечно поглавје или сегмент од предвиденото вкрстено испитување.

30495Вкрстеното испитување е само еден од видовите на можно испитување на сведоците во судница. Останатите се директното и дополнителното директно испитување. Директното испитување, всушност, е ситуацијата кога лицето што ги поставува прашањата (обвинителот или адвокатот на одбраната), односно застапникот врши испитување на сопствениот сведок. Тоа е методата преку која застапникот кој врши испитување/вкрстено испитување (обвинителот или адвокатот на одбраната) ја поддржува својата теорија на случај, преку распит на сопствените сведоци.

Дополнителното испитување се надоврзува на вкрстеното испитување, затоа што во текот на дополнителното директно испитување на сведокот лицето што го вршело и директното испитување треба да ги адресира токму оние прашања кои биле дискутирани за време на вкрстеното испитување. За време на дополнителното испитување постои можност за поставување дополнителни прашања поврзани со претходните теми и насочување на сведокот кон прашањата кои биле поставени за време на вкрстеното испитување, со цел сведокот да даде дополнителни објаснувања за одредени елементи кои биле дискутирани при вкрстеното испитување. На тој начин се обезбедува и повторно потенцирање на одредени области и прашања кои застапникот ги смета за важни, а се во поддршка на теоријата на случајот. Исто така, тоа е добра можност и за намалување на негативните ефекти, кои евентуално би можело да ги предизвика вкрстеното испитување.

Веројатно најлесниот начин да се организира вкрстеното испитување на кој било сведок е да се започне со општите теми и прашања, а потоа постепено да се премине на поконкретните работи. Тоа му овозможува на за стапникот да покаже
пред сведокот дека има целосна контрола над фактите. Исто така, на тој начин застапникот му покажува и на судскиот совет дека тој го поседува потребното знаење кое е неопходно за да му помогне на судскиот совет да ја сфати важноста
на различните теми и области, кои се од централна важност за време на испитувањето.

Со употреба на кратки, наведувачки прашања, кои се однесуваат на конкретни факти, застапникот може да ги презентира своите детални познавања, со што се намалува можноста сведокот да излезе надвор од контрола. Во основа, застапникот,  всушност, води еден вид на дијалог со сведокот, но во реалноста неговото вкрстено испитување треба да претставува приказ и објаснување на состојбите од страна на застапникот, каде од сведокот единствено се очекува да ги потврди (да) или да ги негира (не) неговите тврдења и наводи. Токму затоа и ја спомнавме потребата за употреба на декларативни изјави (со пра шален тон) за време на вкрстеното испитување.

Презентираниот наративен дел не мора да биде ниту долг, ниту сложен, накитен, па дури ниту интересен. Меѓутоа, мора да биде релевантен и значаен за утврдената теорија за случајот. Реченото може да претставува само еден мал дел или два дела од целокупниот мозаик на случувањата. Поединечно, тој може да биде безначаен или безвреден, меѓутоа без него целокупниот мозаик, односно теоријата на случајот не би можела целосно да се склопи.

gerrieNelOscarPistoriusTrial_largeСо цел да обезбеди максимална контрола над сведокот, секоја област од вкрстеното испитување од страна на застапникот би требало да започне со една тема/транзициона реченица или вид на наслов, на пример: „Г. сведок, дозволете ми да ви обрнам внимание на следново…“ или, пак, „Ајде да позборуваме за ова…“. Секој дел или поглавје од вкрстеното испитување мора да има своја конкретна цел, која е целосно сфатена и конзистентна со севкупната теорија и тема на конкретниот случај. Штом таквата цел е исполнета, застапникот треба веднаш да премине на следната предвидена тема и област на вкрстеното испитување.

Вкрстеното испитување е од исклучителна важност за проверка на доказите, а особено на сведочењата при директното испитување. И покрај неоспорната корист на вкрстеното испитување, доколку истото не биде направено на соодветен начин тоа може да има погубни ефекти во конкретниот случај. Поконкретно кажано, доколку застапникот кој го врши испитувањето не е добро подготвен, не е фокусиран или, пак, е лошо обучен, правото на вкрстено испитување кое не е неквалификувано право може да биде злоупотребено или погрешно искористено. Во таков случај, лицето што ги суди фактите, односно судечкиот судија најверојатно ќе интервенира со тоа што ќе го ограничи опфатот, природата и должината на вкрстеното испитување.

Судијата има целосно дискреционо право и можност да го ограничи, па дури и да го прекине вкрстеното испитување, доколку смета дека истото претставува злоупотреба, губење време, дека не е фокусирано, неопходно, ирелевантно, прекумерно или несоодветно. Многу често судиите не можат да ја разберат релевантноста на поставените прашања или, пак, можат да бидат збунети во однос на целта и причините кои стојат зад таквиот начин на испитување.

Токму затоа, употребата на транзициони реченици кои ја дефинираат темата на дискусија, напомнати пред самото поставување на конкретните прашања (како што е прикажано подолу), може да биде корисна од аспект на намалување на таквата загриженост кај судијата. Тоа е само првиот чекор. Од голема помош е и доколку самото вкрстено испитување е добро организирано и сосредоточено.

article-0-1A85115C000005DC-485_634x429Меѓутоа, во самиот момент на возбуда и при едни такви околности, особено кога вкрстеното испитување ќе се покаже како процес од многу поголем предизвик од очекуваното и покрај постоењето на соодветна подготовка основните критериуми за кое било вкрстено испитување и понатаму остануваат следниве: а) дали се работи за прашање кое е релевантно за случајот и поконкретно за самата теорија на случајот? и б) дали поставените прашања на сведокот, не претставуваат одредено повторување? Можеби конкретната поента или факт веќе е утврден преку сведочењето на претходниот сведок.

Во секој случај, доколку постои потреба за изведување дополнителни, независни докази, во однос на некое конкретно прашање преку друг, различен сведок (различно гледиште), тогаш испитувањето треба да биде дозволено.

Имајќи ги предвид овие критериуми, еден добро подготвен и сосредоточен застапник би требало да биде во можност, без никакво двоумење, да му образложи на судијата зошто одредена група на прашања и начин на испитување, или, пак, само едно конкретно прашање е релевантно во конкретниот случај. Тоа е важно од две причини: како прво, за да се увери судијата дека лицето што врши вкрстено испитување е сосема во границите на она што значи неопходно и разумно вкрстено испитување и второ, да се обезбеди влегувањето во записник на сите евентуални грешки и недостатоци во аргументацијата на другата страна, кои евентуално би можеле да се искористат во жалбена постапка.

Општо земено, вкрстеното испитување мора да биде ограничено на темите и прашањата кои биле дискутирани за време на директното испитување и прашања кои евентуално би можеле да влијаат врз кредибилитетот на сведоците. Во пракса, ова дејствува како ограничувачки фактор во однос на спо собноста на лицето што врши вкрстено испитување да поставува прашања во врска со работи кои се надвор од опфатот на директното испитување.

Сепак, користејќи ги своите дискрециони права, судијата можедамудозволи на застапникот кој врши вкрстено испитување да се занимава и со теми кои се надвор од опфатот на директното испитување. Во таков случај, застапникот што врши вкрстено испитување треба да го третира сведокот како сопствен сведок, односно тој треба да се ограничи на поставување само на оние пра шања кои би биле дозволени доколку се работи за директно испитување.

Најважно е дека тоа значи оти не смеат да се поставуваат наведувачки пра шања. Доколку се соочи со ситуација во која мора да се надмине опфатот на директното испитување, застапникот кој го врши директното испитување за таквото свое барање ќе мора да даде соодветни и уверливи причини.

Извадок од: Прирачник за практичари/Вкрстено испитување

Поврзани статии:

– Вкрстено испитување според новиот ЗКП

Препорачуваме

Партнери на Правдико