Караван на приватноста во Битола | Правдико

Правдико

   

Караван на приватноста во Битола

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

11198466_10204145321968984_1977164788_nСоработката со невладиниот сектор и граѓанското општество е едно од приоритетите за работа во Годишната програма за работа за 2015 година за Дирекцијата за заштита на личните податоци. Оваа година посветуваме особено внимание кон подигање на јавната свест и едукација на младите вклучени во невладините организации, како поддршка за нивната работа и развојот на активности.

Прашањата поврзани со вработување и заштита на личните податоци, работните односи, објавување на личните податоци на социјалните мрежи, споделувањето на фотографии итн. и овојпат ќе бидат теми на едукација во Битола, на 7 мај, во организација и покана на неколку НВО.

За таа цел, младите луѓе изработија и флаер за поголема транспарентност и посетеност од младите луѓе за настанот што ќе се одржи во Битола на 7 мај, со почеток во 11 часот.

Извор: Дирекција за зашита на личните податоци

Препорачуваме

Партнери на Правдико