Каргов осуден на три месеци условна затворска казна
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Поранешниот директор на Царинската управа, Ванчо Каргов, е осуден на тримесечна условна затворска казна, која нема да се изврши доколку тој не стори прекршок во период од година и пол по правосилноста на пресудата, објави порталот НОВА.
Тој е осуден поради злоупотреба на службената положба, односно додека бил директор на Царинската управа, не го почитувал решението на Комисијата за работни односи, и одбил да го врати на работа Ласте Ивановски, кој претходно бил избркан поради кршење на работниот ред и дисциплина, стои во документ од судот што го објави порталот.
Извор: Утрински Весник