Картичка вредна 150 евра за младите кои ќе се вакцинираат, најавија грчките власти | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Картичка вредна 150 евра за младите кои ќе се вакцинираат, најавија грчките власти

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Младите во Грција кои се вакцинирани против коронавирус наскоро ќе добијат не само заштита од Ковид-19, туку и платежна картичка вредна 150 евра, бидејќи државата сака да привлече што повеќе луѓе за вакцинација, пишуваат медиумите во таа земја.

Премиерот Киријакос Мицотакис во понеделникот објави оглас што ќе важи за околу 940. 000 лица во земјата на возраст од 18 до 25 години.

За овој проект се издвоени до 141 милиони евра. Владата се надева дека 60 проценти од вкупно 11 милиони жители на Грција ќе бидат вакцинирани до крајот на јули.

Картичката со наведената сума се дава како благодарност до младите луѓе кои беа стрпливи и ги избегнаа гужвите за време на пандемијата, во обид да се запре пренесувањето на коронавирусот, пренесуваат регионалните медиуми.

Парите можат да се искористат за резервации во хотели, траект, билети, авионски билети, посети на музеи и концерти.

Мицотакис истакна дека покрај тоа што добиваат пари, луѓето треба да бидат свесни и за ризиците што ги носи коронавирусот.

„Можеби помладите мислат дека нема да се заразат со коронавирус или, ако го добијат, мислат дека нема да бидат многу болни“, рече тој. „Но, тие потоа се носители на вирусот и помагаат во ширењето“, изјави Мицотакис.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико