Каталонија ќе оди на референдум, на повидок криза во Шпанија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Каталонија денеска треба да усвои закон со кој ќе се постават темелите за распишување референдум за независност на 1 октомври, за што Мадрид жестоко се спротивставува.
Референдумот денеска и официјално ќе биде распишан, се дознава од извори блиски на регионалната влада.
Се очекува сепаратистичките партии што имаат мнозинство во регионалниот парламент да усвојат предлог-закон игнорирајќи ја одлуката на шпанскиот Уставен суд со која референдумот се прогласи за неуставен.
Предлог-законот за референдум за независнот ќе биде на дневен ред денеска на специјална седница без расправа, а потоа највисоките претставници на каталонската Влада брзо ќе го потпишат, што ќе биде вовед во голема криза во Шпанија.
Каталонија е најбогата шпанска покраина со 7,5 милиони жители, сопствен јазик и обичаи, а носи една петтина од шпанските приходи во економијата.
Извор:Нова Македонија