Каталонија официјално ќе побара одржување референдум за независност | Правдико

Правдико

   

Каталонија официјално ќе побара одржување референдум за независност

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателот на регионалната Влада на Каталонија, Артус Мас изјави вчера (21.09) дека следните денови и официјално ќе побара одржување референдум за независност на оваа шпанска покраина.

21092014164648_nm.katalonija

Каталонскиот Парламент во петокот усвои закон, со кој на пратениците им се дава право да одржат необврзувачки консултации за независност од Шпанија на 9 ноември.

– Тој закон ќе биде искористен следните денови за да се закаже гласање на 9 ноември – рече Мас.

Шпанската Влада веќе соопшти дека со тоа ќе биде прекршен Уставот на Шпанија, а премиерот Мариано Рахој порача дека само централната Влада во Мадрид има овластувања да распише референдум за прашања, кои се однесуваат на суверенитетот на земјата.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико