Каталонија отвора „претставништво“ во Загреб | Правдико

Правдико

   

Каталонија отвора „претставништво“ во Загреб

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Владата на шпанската автономна покраина Каталонија следниот месец ќе отвори своевидна „амбасада“ во Хрватска, која ќе ги покрива земјите од Југоисточна Европа, изјави за хрватскиот неделник „Глобус“ висок претставник на властите во Барселона.

– Во Хрватска сигурно ќе отвораме свое претставништво, како што направивме и во други делови на Европа. Постојат стратешки критериуми поради кои ја одбравме Хрватска – изјавил претставникот на каталонската регионална Влада, која за 1 октомври најави референдум за отцепување од Шпанија.

Во Барселона тоа „претставништво“ официјално го нарекуваат „делегација“, иако го сметаат за амбасада на регионот со 7,5 милиони жители. Каталонците на тој начин од Загреб ќе настојуваат да ги остварат политичките и економските интереси во Словенија, БиХ, Србија, Црна Гора, Македонија, Косово, Албанија, а можно е и во Бугарија и Романија.

Хрватското Министерство за надворешни работи не одговори дали негов претставник ќе присустува на отворањето на претставништвото во Загреб, ниту дали се во контакт со Владата на Каталонија.

Извор:Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико