Правдико

   

Каталонија подготвена да прогласи еднострана независност

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

cataloniaСепаратистите во Каталонија денеска соопштија дека се подготвени да прогласат еднострана независност во случај Мадрид да се обиде да го блокира процесот на отцепување, што се надеваат дека ќе го почнат доколку регионалните избори во септември бидат успешни, јави Танјуг

Шпанската конзервативна Влада остро се спротивставува на независноста на богатиот североисточен регион Каталонија, што сака да го следи примерот на Шкотска и да изјасни за својата политичка иднина, наведуваат француските медиуми.

Алијансата на просепаратистички партии сака регионалните избори да и послужат како де факто референдум, на кој заедно ќе настапат, залагајќи се само за едно прашање – независност.

-Доколку во овој процес, државата Шпанија, со своите политички или правни одлуки, ја блокира автономната Влада на Каталонија или каталонскиот Парламент, ние ќе тргнеме понатаму со декларација за независност, рече Раул Ромева, поранешен пратеник и клучна личност во коалицијата која ги собра партијата на десниот центар ЦДЦ и левичарската ЕРЦ.

„Се ставаме на ова, нема враќање“, рече тој на преставувањето на листата на кандидати на „Хунтс пел си“ (Заедно за да) во Историскиот музеј на Каталонија.

Нивната цел е преговарачкиот процес да биде завршен во рок од 18 месеци и да се воспостават институциите, како што е Даночната управа.
Процесот, исто така, ќе го зацрта патот за оддржување на задолжителниот референдум за независноста на Каталонија во 2016 година.
Шпанскиот министер за правда Рафаел Катала за конзервативниот дневен весник „АБЦ“ изјави дека не може да ја исклучи суспензијата на регионалната автономијае доколку почне процесот на отцепување, додавајќи дека во Уставот на Шпанија постои таква одредба.

-Нема да има независност на Каталонија, рече во четвртокот шпанскиот премиер Маријано Рахој.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико