Каталонска политичарка ѝ се предаде на полицијата во Шкотска
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Каталонската политичарка Клара Понсати денеска ѝ се предаде на полицијата во Шкотска. Шпанските власти поднесоа барање за нејзина екстрадиција поради обвинението за нејзиното учество во обидот за прогласување независност на Каталонија.
Таа се наоѓа во Шкотска од почетокот на месецов, откако ја напушти Шпанија заедно со поранешниот каталонски лидер, Карлес Пучдемон. Понсати инаку е професорка на Универзитетот „Сент Ендрјус“ во Шкотска. Нејзиниот адвокат рекол дека Понсати верува дека шпанските власти никогаш нема да успеат да го скршат каталонскиот народ.
Сослушувањето за екстрадицијата на Понсати во судот во Единбург ќе се одржи во текот на денот.
Извор: Макфакс