Каталонските политичари стигнаа во судот во Мадрид | Правдико

Правдико

   

Каталонските политичари стигнаа во судот во Мадрид

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Група од десет притворени каталонски сепаратистички политичари и активисти стигнаа во судскиот комплекс во Мадрид, каде што планираат да поднесат барање за нивно ослободување. Судијата за прекршоци во Врховниот суд во Шпанија, Пабло Љарена, денеска го разгледува привременото притворање на осум членови на кабинетот на сменетата каталонска влада, меѓу кои и регионалниот потпретседател Ориола Жункераса и лидерите на групата за независност на Каталонското народно собрание и Омниум Културал.

Судијата ги истражува осумтемина политичари под обвинение за бунт и поттикнување бунт, што е во врска со неуставното прогласување независност на Каталонија, која кон крајот на октомври ја донесе тогашното каталонско собрание.

Покрај тие осум политичари, им се суди и на двајца активисти кои исто така се обвинети за бунт, но и за нивната улога во протестите во Барселона, кои ја попречуваа судската истрага за подготвувањето референдум за независност на 1 октомври. Адвокатите на одбраната тврдат дека тие ветиле оти ќе се придржуваат до законите и дека ќе се откажат од еднострани движења за независност за просперитетна Каталонија.

Поголем дел од нив се надеваат и дека оваа година ќе бидат кандидати на регионалните избори овој месец, кои ги распиша официјален Мадрид.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико