Правдико

   

„Катимерини“: Грција протерува руски дипломати што се мешале во договорот за името

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Грција ќе протера двајца руски дипломати од земјата за наводно мешање во постигнувањето на договорот меѓу Атина и Скопје за новото име на Македонија.

Според грчкиот весник „Кaтимерини“, Грција исто така ќе го забрани и влезот во земјата на двајца други руски дипломати за кои се вели дека извршиле активности што не се совпаѓаат со нивниот дипломатски статус.

Официјално се огласи и грчката влада, чиј портпарол, Димитрис Цанакопулос, рече дека Грција нема да толерира нешто што го крши меѓународното право.

Набргу пристигна реакција и од официјална Москва, од каде што е соопштено дека двајца грчки дипломати ќе бидат протерани од Русија. Тоа го изјавил рускиот претставник Андреј Климов, објави РИА.

Русија е цел на напади од светската јавност поради честите обвинувања дека се мешала во претседателските избори во САД на кои победи Доналд Трамп поради што се води истрага.

Исто така, според некои извештаи од меѓународни организации, но и институции во САД, Русија имала такви намери и во неколку други земји.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико