„Катимерини“: Ципрас не сака да соработува со Македонија и Турција за бегалската криза | Правдико

Правдико

   

„Катимерини“: Ципрас не сака да соработува со Македонија и Турција за бегалската криза

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас не сака да соработува со Македонија или Турција во однос на кризата со бегалците, пишува „Катимерини“ повикувајќи се на дипломатски извори кои изминатиот викенд присуствувале на вонредниот самит во Брисел.

CA2D118987C0DE40ADC3D5D59AE9AB67

Под наслов „Позадината на состанок во Брисел“, весникот открива што се случувало зад затворени врати на мини самитот, повикувајќи се на информации од сопствени дипломатски извори.

– Темата која повеќе го „напрегна“ грчкиот премиер беше соработката со ПЈРМ. Во овој момент на дебатата, господинот Ципрас ја напушти просторијата за да зборува на телефон со Атина… За оваа конкретна точка, голем број официјални претставници изјавија за „Катимерини“ дека господинот Ципрас не сака да соработува со Македонија или со Турција, поради влијанието на министерот за одбрана Панос Каменос и министерот за надворешни работи Никос Коѕиас, открива весникот.

Во врска со другите точки од дискусијата, „Катимерини“ нагласува дека според анализа на изворите, „поради зголемениот прилив на бегалци во последниве месеци, ривалства од 90-тите години почнуваат да доаѓаат до површината и дури можат да го запалат регионот“.

Весникот уште открива дека атмосферата во првичната расправа била многу негативна за Грција, а грчкиот премиер Алексис Ципрас бил „под оган“ пред се од неговиот унгарски колега Орбан и хрватскиот премиер Милановиќ. Важна улога во овој дел од дискусијата на состанокот во неделата одиграла интервенцијата на шефот на Високиот комесаријат за бегалци Антонио Гутереш кој застанал во одбрана на грчкиот премиер.

Извор: Утрински Весник

Партнери на Правдико