Правдико

   

Катица Јанева се појави во Советот на јавни обвинители

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се појави во Советот на јавни обвинители каде што трае седницата. Таа во Советот се задржа кратко и на заминување изјави дека нема потреба да им објаснува на членовите на Советот зошто смета дека е надлежна за случаите „Маѓар Телеком“, „Шпион“ и „Верушевски“ и се повика на Законот за специјално јавно обвинителство, односно делот каде што стои дека СЈО е автономно и независно.

12659684_1556302431351529_1977961625_n-860x680

Претседателот на Советот, Петар Аневски, неколку пати ја повикуваше Јанева да дојде во Советот за да го образложи извештајот од шест месечното работење на Специјалното јавно обвинителство.

Од СЈО тогаш изјавија дека Јанева нема да дојде на седницата, затоа што нема законска основа за тоа.

Аневски пред два дена рече дека Советот на јавни обвинители извештајот на СЈО го оценил како негативен, но не даде повеќе детали зошто е дадена таква оценка. Тој тогаш ја повика Јанева да дојде во Советот и да образложи зошто таа ги бара случаите „Маѓар Телеком“, „Шпион“ и „Верушевски“.

Извор: Мета

Партнери на Правдико