Кацарска: Кажете ѝ на сопругата да не ми ги малтретира пријателите за пресуда!
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.На почетокот на повторното судење за предметот „Триста“ на СЈО за набавката на полициските „шкоди“, судијката Добрила Кацарска му рече на обвинетиот поранешен помошник-министер за јавни набвки, Ѓоко Поповски, да ѝ пренесе на сопругата да не ургира преку нејзини пријатели.
„Да ѝ пренесете на вашата сопруга да не ги малтретира моите пријатели зашто кај мене не може никој да ургира за пресуда“, рече Кацарска.
Поповски на денешното повторено судење за случајот „Триста“ истакна дека дека не е виновен. „Јас и моите бранители ќе докажеме дека не сум виновен за ова дело што ме товарат, дека не сум сторил злоупотреба на службената положба и дека не сум му нанел штета на МВР, туку е направена голема заштеда. Исто така, уште еднаш ќе повторам дека не сум виновен“, рече Поповски.
Апелациониот суд во Скопје ѝ ја укина пресудата на судијката Добрила Кацарска, која првично го осуди Поповски на казна затвор во времетраење од 9 години. По одлуката на второстепениот суд, Поповски беше префрлен од затворот „Идризово“ во истражниот затвор „Скопје“ бидејќи му беше определен притвор.
Според обвинението на СЈО, Поповски не ги почитувал законските прописи за јавна набавка и го оштетил буџетот 453.570 евра. Тој изјави дека не е виновен за делото што му става на товар. Во завршните зборови Поповски рече и дека се соочувал со силни притисоци и закани додека траела судската постапка, но не именува од кого и дека случајот сериозно влијаел врз неговото здравје.
Поповски е правосилно осуден на 4 години и шест месеци казна затвор за набавката на „мерцедесот“ во случајот „Тенк“ на СЈО.
Извор: Макфакс