Кавадарчанка под истрага за продажба на дрога во Скопје
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против кавадарчанка за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
На 14 ноември, при претрес во домот каде што времено престојувала таа, на улица Венјамин Мачуковски во Скопје, полициски службеници пронашле 5,79 грама наркотична дрога – хероин и 0,58 грама марихуана. При претресот биле пронајдени и парични средства за кои постои сомневање дека потекнуваат од продажба на дрога. Во конкретниот случај, надлежниот јавен обвинител оцени дека се исполнети законските основи, односно дека осомничената би можела да се даде во бегство, да го повтори кривичното дело или да влијае врз сведоците, па до судијата на претходна постапка достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, соопшти Обвинителството.
Извор: Макфакс