Казахстан ги намалува овластувањата на претседателот | Правдико

Правдико

   

Казахстан ги намалува овластувањата на претседателот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Парламентот на Казахстан во понеделник го прифати пакетот уставни амандмани со кои се ограничуваат претседателските овластувања во полза на пратениците и владата, мерка која би можела да помогне во можната политичка транзиција.

Претседателот Нурсултан Назарбаев веќе ги поддржа предложените промени, а тие ќе бидат озаконети кога ќе ги потпише амандманите кои парламентот ги одобри во второт и конечно читање.

Казахстан, земја извозник на нафта, е единствената од поранешните советски републики во која на власт е лидер од комунистичкиот период. Назарбаев(76) сè уште не го одреди својот наследник, а таа несигурност создава загриженост кај инвеститорите.

По реформите, претседателот повеќе ќе се занимава со стратегиски прашања, надворешната политика и со државната безбедност, а ќе служи и како политички арбитар.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико