„Кажете дека брашното е канцерогено“, Јанакиески нарачувал инспекции во ромското маало во Струмица
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во кривичниот суд во Скопје продолжи пуштањето на бомбите во предметот „Титаник“ на специјалното јавно обвинителство. Во неколку од разговорите од 30 мај 2011 година, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, му нарачува на ексдиректорот на УЈП, Горан Трајковски, како што вели, јаки инспекции во т.н. ромско маало во Струмица.
„Секој ден да има инспекции таму“, вели Јанакиески. На тоа Трајковски му се жали дека не може на прва да ги затворат дуќаните: „Ни го сменивте законот на втора мајка да затвораме“.
„За брашно која инспекција е надлежна?“, прашува Јанакиески и тврди дека во еден од дуќаните во ромското маало во Струмица имало брашно. „Ве молам јаки инспекции секој ден“, вели Јанакиески. Тој на соговорникот му вели дека Зоран Заев со брашното ќе купувал гласачи во ромското мааало. „Да не мрднат со инспекции дури не ги затворат дуќаните“, нарачува Јанакиески. „Си оди циганот во дуќанот и си зема брашно…“, дообјаснува Јанакиески. „Кажете брашното е канцерогено“, додава ексминистерот за транспорт и врски.
Извор: Макфакс