Казината и обложувалниците ќе плаќаат посебна давачка од 3% за развој на спортот и здравството
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со цел да се зголеми квалитетот на здравствената заштита, квалитетот и сигурноста во вршење на здравствената дејност, како и за промовирање и развој на спортот се предлага приредувачите на игри на среќа во казино и автомат клуб да плаќаат посебна давачка во висина на 3% на разликата меѓу уплатениот износ од сите автомати и исплатениот износ од сите автомати, а приредувачите на игри на среќа во обложувалница да плаќаат на разликата меѓу уплатениот износ од сите компјутери и исплатениот износ од сите компјутери во сите уплатно-исплатни места.
Средствата од посебната давачка приредувачите на игрите на среќа во казино, автомат клуб и обложувалница ќе ја уплаќаат на сметка на Министерството за здравство односно Агенцијата за млади и спорт. Со постојниот Закон за игрите на среќа и за забавните игри, автоматите за игри на среќа при пуштањето во употреба мораат да бидат технички исправни.
Во законот е утврдено техничката исправност на автоматите и масите за игри на среќа да се врши од страна на едно правно лице овластено од Министерот за финансии за период од три години. Изборот на правното лице се врши со јавен повик. Со цел да се избегне монополот што го има правното лице кое ја врши техничката исправност на автоматите и масите за игри на среќа, за да се либерализира пазарот и да се зголеми конкуренцијата при извршување на оваа услуга, со Предлог законот, се предлага утврдувањето на техничката исправност на автоматите и масите за игри на среќа наместо едно правно лице овластено од министерот за финансии, да го вршат повеќе правни лица.
Целта на предложеното изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри е финансирање на загарантираните права, утврдените потреби и интереси утврдени во Законот за здравствената заштита, како и унапредување, развој и омасовување на спортот во Република Македонија. Предлогот на Закон за изменување и дополнувања на Законот за игрите на среќа и за забавните игри се заснова на истите начела врз кои се заснова и постојниот закон.
Основни решенија што се предлагаат со законот се:
– воведување на посебна давачка во висина од 3% на приредувачите на игри на среќа во казино, автомат клуб и обложувалница и
– либерализирање на пазарот во делот на утврдувањето на техничката исправност на автоматите и масите за игри на среќа.
Предлог измените можете да ги погледнете ТУКА