Казна од 20 евра за неносење маски во маркети, банки, пошти, чекалници
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Казна од 20 евра ќе му биде изречена на секое физичко лице кое нема да носи заштитна опрема, односно маска, шал, марама и слично во затворени простории, како маркети, банки, пошти, чекалници, здравствени институции. Ова го предвидува уредбата на Владата за стопирање на ширењето на коронавирусот, која е усвоена вчера.
Неносење маска се предвидува само ако граѓанинот престојува во двор на куќа, вози велосипед или спортува, патува со моторно возило со лице со кое живее во заедница или, пак, се движи на јавни места и одржува дозволено минимално растојание од најмалку два метра од друго лице. Со уредбата се предвидува фирмите кои дејноста ја извршуваат во своите седишта да обезбедат заштитна опрема за сите вработени, но и посетители во фирмата кои доаѓаат во нивна посета. Доколку ова не се почитува, казната што ќе се изрече е 2.000 евра.
Казните нема да се изрекуваат до наредниот четврток со цел физичките и правните лица да имаат време да набават заштитна опрема. Заштитната опрема ќе треба да се носи сè до завршување на пандемијата, а потоа прекинува и важноста на уредбата.
Извор: Макфакс