Казна за охриѓанец кој шетал низ градот за време на полицискиот час | Правдико

Правдико

   

Казна за охриѓанец кој шетал низ градот за време на полицискиот час

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе предлог за издавање казнен налог против едно лице поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија според член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот се товари дека вечерта на 26 спроти 27 март, за време на полицискиот час, се движел низ Охрид и со тоа не ја почитувал одлуката за забрана и посебен режим на движење донесена како мерка за сузбивање и спречување на заразната болест Ковид-19.

Охридското Обвинителство побара од Основниот суд Охрид да определи парична казна за обвинетиот во износ од 100 дневни глоби, при што вредноста на секоја дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико