Правдико

   

Казна затвор од 19 години за убиството на Пинета Секондо Пино

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во судска постапка која се водеше по поднесен Обвинителен акт на Основното јавно обвинителство Скопје за убиството на Пинета Секондо Пино, денеска Основниот кривичен суд Скопје донесе Пресуда со која ја огласи за виновна обвинетата А.Ѓ. и изрече затворска казна од 19 години.

 

 

Обвинителството откако  ја заврши сеопфатната истражна постапка, по целосно прибирање на материјалните и вербални докази, го поднесе Обвинителниот акт на 19 септември 2019 година, со кој ја обвини А.Ѓ. дека на 11.12.2018 година како соизвршител, задно со лицето А.Ф. го сторила кривичното дело  – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

Надлежен јавен обвинител во постапката докажа дека критичниот ден,  обвинетата го повикала оштетениот, сега починатиот Пинета Секондо Пино, и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе бил пристигнат и другиот осомничен со возило Опел Аскона, носејќи со себе огнено оружје – пушка. Тој го оставил неговото возило на насипот и седнал да управува со автомобилот Шкода со кое до насипот дошол оштетениот. На совозачкото место седнала обвинетата, додека оштетениот седнал на задното седиште.

Тројцата се упатиле по обиколница кон атарот на селото Арачиново и во една нива започнале најпрвин вербална расправија, а потоа и тепачка. Во еден момент осомничениот со пушката го застрелал во главата оштетениот Пинета Секондо.

Притоа, обвинетата  дала особен придонес кон извршување на делото, така што овозможила да се сретнат, го повикала оштетениот, била присутна во моментот на неговото лишување од живот, а потоа заедно со другиот осомничен го ставиле телото на починатиот во багажникот на возилото. Заедно тие се упатиле кон гробиштата во селото Сингелиќ, а потоа се движеле низ планината кон Љуботен. На едно место здогледале дупка, па обвинетата и нејзиниот соизвршител го оставиле телото во дупката, покривајќи го со крупни овални камења.

За осомничениот А.Ф. поради недостапност на органите на прогонот постапката е прекината. За негово пронаоѓање јавниот обвинител презема интензивни дејствија.

Партнери на Правдико