Казнети 13 угостители од Битола, кои работеле во текот на забраната | Правдико

Правдико

   

Казнети 13 угостители од Битола, кои работеле во текот на забраната

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Постапувајќи по кривични пријави доставени од страна на Државниот пазарен инспекторат, против 13 правни и 13 физички лица, како одговорни лица – управители на субјектите, битолското Основното јавно обвинителство до Основниот суд поднесе предлози за казни поради сторено кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Како што информираат од Обвинителството, во текот на март и април годинава тринаесетте обвинети како управители на правни лица не постапиле според одлуката за мерки против ширење на коронавирусот донесена од Владата, со која се забранува работа на кафетерии, барови, клубови, казина и спортски обложувачници, односно дозволиле објектите да работат.

При контрола од државни пазарни инспектори било констатирано дека обвинетите даваат угостителски услуги.

Обвинителството до судот предложило на секој од управителите на субјектите да им се изрече глоба во висина од 2.000 евра во денарска противредност.

Воедно, и на правните лица ќе им биде изречена глоба во износ од 100.000 денари.​

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико