Казнети 164 возачи во Скопје, 14 возеле без возачка дозвола
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.164 возачи во Скопје биле казнети поради направени сообраќајни прекршоци, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР појаснуваат дека за непочитување на брзина на движење казнети биле 29 возачи.
14 санкции биле изречени за возење без возачка дозвола, а шест за возач почетник.
„Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за управување под дејство на алкохол, седум за минување на црвено светло, шест за недавање првенство на минување на пешаци и 53 за непрописно паркирани возила“, известуваат од министерството.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
Извор: Макфакс