Казнети 206 возачи во Скопје, 46 за брзо возење | Правдико

Правдико

   

Казнети 206 возачи во Скопје, 46 за брзо возење

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полицијата вчера казни 206 возачи во Скопје, од кои 46 за брзо возење, соопшти Министерството за внатрешни работи

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 206 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 20 прекршоци што го прават возачите на мотоцикли, 15 за возење без возачка дозвола. Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, осум за возење под дејство на алкохол, пет за возач почетник, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила, 28 санкции за непрописно паркирање“, велат од МВР.

Од таму најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико