Казнети 274 возачи во Скопје, од кои 14 возеле пијани | Правдико

Правдико

   

Казнети 274 возачи во Скопје, од кои 14 возеле пијани

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полицијата вчера казни 274 возачи во Скопје, од кои 14 возеле пијани.

Според информациите на Министерството за внатрешни работи, во Скопје се изречени 274 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 111 санкции, 25 за возење без возачка дозвола и 14 за управување под дејство на алкохол. Казнети се и 27 мотоциклисти.

Изречени се девет казни за користење мобилен телефон, шест за нерегистрирани возила, осум за некористење сигурносен појас, четири за недавање првенство на минување на пешаци, четири за возач почетник, 21 санкција за непрописно паркирање.

„Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико