Казнети 30 пешаци – поминале на црвено | Правдико

Правдико

   

Казнети 30 пешаци – поминале на црвено

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, две со лесни телесни повреди и пет со материјална штета. Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а четири лица со лесни телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 59 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 23 возачи од кои: шестмина поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, 12 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување  моторно возило и петмина затоа што биле возачи-почетници. Покрај ова, санкционирани се и девет возачи поради неправилно престројување, по еден возач – поради поминување на крстосница на црвено светло, неправилно престигнување и недавање првенство на минување во зона на крстосница, додека, пак, четворица возачи се санкционирани поради неносење заштитен шлем (кацига).

Исто така, исклучени од сообраќај биле 11 возила од кои две поради техничка неисправност и девет бидејќи биле нерегистрирани. Истовремено, санкционирани се и 17 пешаци затоа што поминале коловоз надвор од пешачки премин, а 13 пешаци затоа што поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 100 мандатни платни налози, додека 65 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико