Казнети 339 возачи во Скопје, од кои 108 за брзо возење | Правдико

Правдико

   

Казнети 339 возачи во Скопје, од кои 108 за брзо возење

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.9.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 339 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола казнети се 22 лица, а за пречекорување на дозволената брзина на движење казнети се 108 возачи.

За технички неисправни и нерегистрирани возила казнети се 16 возачи. Исто така, казнети се и седум мотоциклисти, изречени се 73 мерки за непрописно паркирање и 84 казни за неносење заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико