Казнети 890 лица за неносење маска
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Полицијата вчера казнила 890 лица за неносење маска, што е законска обврска од 1 мај.
„Во текот на изминатото деноноќие (30.9/1.10.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија во однос на мерката за неносење лична заштита на лицето регистрирани се 890 прекршоци“, соопшти МВР.
Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.
Маските се задолжителни во затворен простор и на отворено каде што не е можно да се одржи дистанца.
Извор: Макфакс