Казнети диви тркачи во Скопје, одземени мотоцикли
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Дванаесет мотоциклисти се казнети во текот на изминатата ноќ поради диви трки на улиците во градот.
Според информациите од МВР, вчера, во периодот од 18 до 2 часот е спроведена акциска контрола за откривање возачи на мотори, кои организираат диви трки на подрачјето на Скопје.
Санкционирани се 12 возачи на мотори кај кои се констатирани низа прекршоци, а привремено биле одземени три мотоцикли.
Извор: Макфакс