Правдико

   

Казни до 4.000 евра за партиски и верски обележја во средните училишта

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со измените на Законот за средно образование, што се во фаза на подготовка и наскоро ќе се најдат пред пратениците се предвидува глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност за прекршок на родителот, односно старателот на малолетниот ученик ако ученикот не е запишан во средно училиште или нередовно го посетува училиштето.

296b710e-3ca6-4b1a-beea-0dc293c4a8bd-gcse-religion2

Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на родителот, односно старателот ако родителот, односно старателот или неговото дете врши телесно или психичко малтретирање на наставникот или стручниот соработник.

Глоба во износ од 3.500 до 4.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на средното училиште, ако дозволи организирање и дејствување на политички партии и верски организации во средното училиште и изведува верско образование и се истакнат партиски и верски обележја.

Извор: еМагазин

Партнери на Правдико