Kазни до 7.500 евра за косовските Албанци | Правдико

Правдико

   

Kазни до 7.500 евра за косовските Албанци

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Австриската министерка за внатрешни работи Јоана Микл-Лајтнер следниве три дена ќе биде во посета на Западен Балкан каде што ќе разговара со своите колеги, пред се, за запирање на бранот илегални мигранти од Kосово, пренесува српски „Kурир“. Kако што најави австриското министерство за внатрешни работи, министерката Микл-Лајтнер има намера да поведе голема кампања со која сака да ги разубеди емигрантите од Kосово да не одат во Австрија.

2F9C0890463F2E4F892E21E6D76CB132

Во текот на јануари во Австрија 1.029 граѓани од Kосово поднеле барање за азил, а само за споредба, во 2013 година бројот на барања за азил од Kосовците бил 1.901 лице за цела година. Kампањата, чија цел е спречување на масовното иселување од Kосово, ќе почне неделава со огласи во косовските весници и со информации за оние што бегаат од сиромаштијата на Kосово. Во текстот на огласите, меѓу другото, се потсетува дека илегалните мигранти може да добијат забрана за влез во ЕУ како и парични казни до 7.500 евра.

– Потребни се јасни пораки. Мора уште појасно да се нагласи дека во Австрија не постои слободен пристап до пазарот на труд кога некој ќе поднесе барање за азил – истакнала Микл-Лајтнер истовремено посочувајќи дека нема речиси никакви шанси граѓанин од Kосово да добие азил во Австрија.

Плакатот на оваа кампања, кој се печати на албански, а наводно и на српски јазик, бил објавен во пилот-верзија на германски јазик во најтиражниот австриски дневник „Kронен цајтунг“. „Шверцерите лажат„ или Schlepper Lugen е слоганот на плакатот, во кој зборот „шлепер“ не означува камион, туку шверц на луѓе преку граница. На плакатот има уште еден голем натпис: „Нема азил од економски причини во Австрија. Шверцерите лажат за да ви ги земат парите“, како и помал текст во долниот дел од плакатот, во кој е опишано зошто бегалците од Kосово немаат перспектива во Австрија.

Министерката Микл -Лајтнер инсистира на брза 10-дневна процедура за одбивање на барањата за азил на албанските бегалци и на бегалците од т.н. безбедни земји, како и нивно итно враќање во големи групи со посебни авионски летови.

Извор: Дневник

Препорачуваме

Партнери на Правдико