Казни до 8.000 евра за непочитување на откупните цени на градинарските производи | Правдико

Правдико

   

Казни до 8.000 евра за непочитување на откупните цени на градинарските производи

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во општината Василево, инспектори на Државниот инспекторат за земјоделство вчера на терен ги контролираа неделните откупни цени на градинарските производи во откупните пунктови. Констатирани се неправилности во истакнувањето и почитувањето на неделните откупни цени кај три откупни пункта, на кои најверојатно ќе им бидат изречени соодветни казни.

02092016101830_web_gradina_za_web

– Казната за отстапување од неделната цена беше од 6.000 до 8.000 евра, во зависност од големината на компанијата, и дополнително 30 отсто за одговорното лице, односно правното лице или компанијата. Значи, зборуваме за сериозна отстапка од законот што треба да се санкционира – рече Цветан Трипуновски, директор на Земјоделскиот инспекторат, кој исто така беше на терен, кај откупувачите.

Земјоделците велат дека има отстапување од неделната договорена цена на градинарски производи кај откупувачите. Тие велат дека се случувало, пред да истече неделниот рок, цените да се намалуваат за неколку денари, па дури и на половина. Така, екстра-класата од црвената пиперка „куртовска капија“ се откупува по цена од 23 денари килограм, првата класа за 16 денари и втората класа за 8 денари.

– Ние цело лето сме во контакт со претставници од Министерството за земјоделство и ги известуваме за одредени аномалии што се појавуваат во општината Струмица. Оттука, и денес заедно на терен увидовме, а и од информации од наши членови, дека паѓаат цените на градинарските култури и ние сакаме преку институциите во државата да ги решиме овие проблеми – рече Васе Митев од здружението „Градинар“ од Василево.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико