Казни за 147 лица поради неносење маски во Охрид, Струга и во Кичево | Правдико

Правдико

   

Казни за 147 лица поради неносење маски во Охрид, Струга и во Кичево

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 147 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид – 118, Струга – 9, Кичево – 20).

Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле осум контроли врз угостителски и други објекти.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико