Казни за 61 пешак – не поминале на пешачки премин | Правдико

Правдико

   

Казни за 61 пешак – не поминале на пешачки премин

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во текот на изминатиoт ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 12 сообраќајни незгоди, од кои четири со телесни повреди и осум со материјална штета. При сообраќајните незгоди четири лица добиле лесни телесни повреди.

Потоа, 40 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 12 возачи бидејќи шест го управувале возилото пред да стекнат право за управување моторно возило, тројца биле возачи почетници и тројца го управувале возилото под дејство на алкохол.

Од сообраќај исклучени се 13 возила бидејќи 12 биле нерегистрирани и едно технички неисправно. Седум возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, еден неправилно се престроил, еден неправилно престигнувал, еден не дал првенство на возила и седум не користеле заштитен шлем. Во однос на пешаците, санкционирани се и 61 пешак што поминале коловоз надвор од пешачки премин и осум што поминале на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 61 мандатен платен налог, а исто така 51 возило се подигнати со „пајак“.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико