Казни за две лица што за Курбан-бајрам правеле веселба со 80 гости | Правдико

Правдико

   

Казни за две лица што за Курбан-бајрам правеле веселба со 80 гости

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Обвинителството предложи казни за две лица што за време на верскиот празник Курбан-бајрам во својот двор организирале семејна веселба со 60 до 80 гости.

Со тоа двајцата постапиле спротивно на одлуката за забрана за одржување и собирање масовни собири и настани на отворен и затворен простор од секаков вид, со која се опфатени и јавни и приватни собири.

Поради непостапување според здравствените прописи, за нив предложени се парични казни од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 25 евра во денарска противвредност.

Обвинение е поднесено и против две други лица, од кои едното е косовски државјанин. Спротивно на одлуката и протоколите за отворање на угостителските објекти за исхрана, со кои се забранува организирање прослави во отворениот и затворениот дел од објектот, тие организирале прослава по повод свршувачката на синот на еден од обвинетите во угостителскиот објект во сопственост на другиот обвинет. На прославата присуствувале 15-ина гости, информираат од Обвинителството.

Против 18 лица, пак, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози поради непочитување на одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија. Имено, за време на тогаш важечкиот полициски час лицата без дозвола се движеле на разни локации во градот. За овие обвинети до надлежниот Основен кривичен суд Скопје предложени се парични казни од 100 дневни глоби со поединечна вредност од 20 евра во денарска противвредност.​

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико