Казните ќе се определуваат зависно од големината на компанијата | Правдико

Правдико

   

Казните ќе се определуваат зависно од големината на компанијата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Македонските компании ќе плаќаат казна во завнисност од нивната големина. Поголема компанија поголема казна, помала компанија помала казна, ова е најновиот предлог за нивелирање на казните кој го објави Владата.

denari_montaza_457-538x272

Висината на казната за правните лица и за трговците поединци, ќе се одредува според три критериуми: вкупен приход остварен во претходната фискална година, претходно поведение на сторителот, како и според  просечниот број на вработени, врз основа на состојбата на крајот на претходниот месец пишува Капитал.

“На пример, прекршок  кој чини 10.000 денари, од сега фирма која има промет до 500.000 и до  9 вработени, ќе плати само 1500денари. Голема фирма со над 250 вработени, ќе ја плати вкупната сума на казната, односно 10.000 денари. Ова е фер и коректно кон бизнис заедницата.“, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски.

Сумите по критериум ќе се определуваат, за првиот глобата ќе се движи од 10%  за фирми кои имаат до 500 илјади денари приход, па се до максималните 70% за фирми со над 100 милиони денари годишен приход. За вториот критериум односно 0% од глобата за фирми без претходни прекршоци до 10% доколку има претходни прекршоци. И третиот од 5% за фирми кои имаат до 9 вработени, па до 20% за фимире со над 250 вработени. Глобата ќе биде збир од сумите на критериумите.

Извор: Капитал

Препорачуваме

Партнери на Правдико