Ќе биде ли обвинет поранешен министер? Истрагата за перење пари во НЛБ банка пред завршница | Правдико

Правдико

   

Ќе биде ли обвинет поранешен министер? Истрагата за перење пари во НЛБ банка пред завршница

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Обвинителката Ивана Трајчева од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција донела наредба за вештачење во предметот за злоупотреба на службената положба и перење пари во НЛБ банка, потврдија од институцијата за „Макфакс“. „Надлежниот јавен обвинител издаде наредба за економско-финансиско вештачење во предметот. По пристигнување на вештачењето, прибирањето на сите докази во предметот, нивно разгледување и анализа ќе биде донесена соодветна јавнообвинителска одлука“, соопштија од Обвинителството за „Макфакс“. Истрагата беше отворена лани во мај, а ја водеше обвинителката Лидија Раичевиќ.

Од Обвинителството тврдат дека и натаму преземаат истражни дејства. Истрагата се води против осум лица што се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувањето, четворица од нив се гонат и за перење пари и други приноси од казниво дело.​ Со истрагата опфатени се ексминистер од владата на Груевски и Ахмети, ексдиректор на НЛБ банка, адвокат, нотар и други лица, како и едно лице државјанин на Словенија.

Од Обвинителството се сомневаат дека осомничените во периодот од 2006 до 2017 година основале фирми, подигале кредити и префрлале пари во Словенија и во австриски фирми, а потоа дел од средствата инвестирале во отворање нови фирми и купувале недвижен имот во Битола.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико