Ќе биде ли следниот голем бизнис во Македонија, медицинската марихуана? | Правдико

Правдико

   

Ќе биде ли следниот голем бизнис во Македонија, медицинската марихуана?

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Последниве неколку месеци низ Македонија на „црниот пазар“ многу тешко може да се најде марихуана, велат лица упатени во овој „бизнис“. И кога ќе се најде, нејзината цена е многу висока, споредено со претходно. Ако порано за 500 денари се добиваа 4 цигари со марихуана (џоинт), сега за истата сума се добива едвај една, а за квалитетот не гарантира никој.

04435e9e-fa7b-427e-8edc-c733de20676c-marijuana

Причините поради кои е ваква состојбата на „пазарот“, според упатените се многубројните акции на запленување на марихуана во Албанија, од каде најчесто во Македонија стигнуваше марихуаната, ефикасните акции на македонското МВР во кои беа запленети големи количини на марихуана, но и дека теренот во Македонија се подготвува за легализација на медицинската марихуана.

„За подготовка на маслото од марихуана, кое го употребуваат болните од рак и кое се употребува за многу други болести е потребна поголема количина на марихуана. На лицата кои работат на „црниот пазар“ повеќе им се исплатува да прават масло, кое има значително повисока цена, отколку да продаваат марихуана“, велат упатените.

ХРВАТСКА И СЛОВЕНИЈА ЈА ЛЕГАЛИЗИРАА МЕДИЦИНСКАТА МАРИХУАНА, И МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ЗА

Една од многу ретките анкети за легализирање на медицинската марихуана во Македонија, објавена вчера, покажува дека дури 70% од Македонците се за нејзина легализација, а 28% се против.

Анкетата ја спроведе Агенцијата за истражување на пазар и јавно мислење М-Проспект, а според истата за општа легализација на марихуаната се 34%, додека против се 63% од македонските граѓани.

Пред неколку месеци медицинската марихуана, која е легална низ многу западни земји, стана легална и во Словенија. Медицинските власти во Словенија го поддржаа користењето на активните состојки на канабисот за лечење на одредени симптоми, па врз основа на ова словенечката влада донесе одлука со која го овозможува ова.

Лековите базирани на канабиноиди ќе можат да им се препишуваат на оние пациенти, за чии болести е докажано дека лековите се делотворни.

Канабиноидите се состојки кои во големи количини се наоѓаат во марихуаната, а можат да се добијат и вештачки во лабораториите. Канабиноидите кои се регистрирани како лекови, меѓу другото се користат во медицината и за ублажување на болката.

Во аптеките во Словенија веќе може легално да се набавуваат канабиноиди, а дозволата за увоз на тетрахидроканабиноидите (ТХЦ) ја доби фирмата „Ленис“ која се занимава со увоз на нерегистрирани лекови, а набавките ги обезбеди од Германија.

Претходно словенечките власти издадоа нова уредба со листата на забранети дроги од која е исклучен ТХЦ, односно е сместен меѓу дрогите чиј промет и користење се дозволени во медицината, ветерината и за педагошки и научно-истражувачки намени.

Со сменетата на уредбата се овозможи и легалното купување на досега забранетите препарата кои соддржат екстракт на индиски коноп, во прв ред на масло од хашиш, кое досега можеше да се набави само на илегалниот пазар.

Лековите од екстракт на коноп во моментов во Словенија се во процес на регистрација и сега се подготвуваат во самите аптеки како таканаречени магистрални лекови.

Малигни заболувања, СИДА, мултиплекс склероза и детски епилептичен синдром се болести кои ќе се третираат со медицинска марихуана во Хрватска и третманите ќе бидат легални. По Словенија и во Хрватска се легализираше медицинската марихуана.

Одлуката ја донесе Канцеларијата за анализи и препораки за применување на индиски коноп/канабиноид во медицински цели, а потоа Министерството за здравство на Република Хрватска и законски ќе ја легализира употребата на канабис со лекарски рецепт.

Болести како што се епилепсија, паркинс и хантингнотова болест, и болести од психичка природа како ПТСП-А депресија или анксиозност, не добија зелено светло за употреба на канабис.

По повеќе месечни темелни истражувања и детални прегледи на сите објавени мета-анализи на светско ниво, и поединечни научни трудови каде што тоа било потребно Канцеларијата за анализи смета дека секои 6 до 12 месеци треба да се разгледуваат нови научни докази и на добиените нови сознанија да се предложи дополнување на болестите кои ќе се третираат со марихуана.

И во Србија, во која веќе на големо се води јавна дебата, веќе е во завршна фаза иницијативата за легализација на марихуана во медицински цели и останува уште еден чекор, законот да го мине собранискиот филтер.

ЗА КАКОВ БИЗНИС ЗБОРУВАМЕ?

Последниве години во САД каде во неколку држави се легализираше медицинската марихуана, но и за рекреативна употреба владее вистинска „зелена грозница“. Заработува добро и државата од даноци, а и „зелените„ бизнисмени.

Освен што секој што има пари сака да влезе во бизнисот со марихуана, интересно е да се спомне дека подршка за легализација стигна и од Волстрит.

Брокерите порачаа дека следи зелена грозница која овој пат ќе ги збогати „продавачите на лопати, а не копачите на злато“.

Како резултат на тоа вредноста на акциите на компаниите кои влегоа во овој бизнис расте секојдневно, а се шири и спектарот на подејности, од компании кои продаваат разни продукти од марихуана, производители на опрема за хидропоника на марихуаната до компании кои произведуваат или продаваат автомати за медицинска марихуана.

Извор: еМагазин

Препорачуваме

Партнери на Правдико