Ќе има силни заштитни механизми од нелегално прислушување | Правдико

Правдико

   

Ќе има силни заштитни механизми од нелегално прислушување

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Владата ќе воведе силни заштитни механизми за да се спречи нелегално прислушување, најавил министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски вчера на промоција на студијата „Кон подобра рамнотежа меѓу заштитата на приватноста и потребата од следење на комуникациите“.

Министерот Манчевски, како што стои во соопштението од МИОА, се осврна на проблемот со масовното прислушување спроведено од претходната власт и на заложбите на новата влада никогаш повеќе да не се повтори нарушување на приватноста на граѓаните на Република Македонија.

– Владата е свесна за огромната важност на соодветното нормирање на прашањата поврзани со следењето на комуникациите. И затоа ми претставува особено задоволство што и граѓанските организации вложуваат значителни напори за надминување на предизвиците и отворените прашања поврзани со следењето на комуникациите – истакнал министерот Манчевски.

Пренесувајќи ги заложбите за воведување силни заштитни механизми што ќе спречат нелегално прислушување, Манчевски најавил дека мерките во таа насока ќе бидат имплементирани како итен приоритет.

– Техничките способности за пресретнување на комуникациите ќе бидат под силна независна контрола, вклучувајќи и судска контрола – истакнал министерот Манчевски.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико