Ќе продолжиме да плаќаме за исклучено парно
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Судот ја одби заедничката тужба против Балкан енерџи груп и Регулаторната комисија за енергетика на 260 незадоволни граѓани кои не користат парно греење, а плаќаат за негово користење.
Тужбата ја изгубиле поради нецелосна документација, а нивниот адвокат не се појави на закажаното рочиште. Граѓаните ангажираа друг адвокат кој ќе се обиде архивираниот предемет да го врати повторно пред судија и најавија тужба во судот во Стразбур.
Според Правилникот за снабдување со топлинска енергија донесен во 2012 година, надоместок за топлинска енергија плаќаат и оние што го исклучиле парното и истовремено не склучиле договор за снабдување.
Извор: еМагазин