Ќе се бара зголемување на бројот на емисиите на обврзници за денационализација | Правдико

Правдико

   

Ќе се бара зголемување на бројот на емисиите на обврзници за денационализација

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Процесот на денационализација заврши во првостепена постапка, но дел од решенијата не се конечни, односно по истите сеуште се водат управни спорови или се вратени од судовите на повторно постапување. За да се овозможи исплата по овие предмети по нивната правосилност, има потреба од зголемување на бројот на емисиите на обврзници за денационализација. Се предлага дополнително издавање на уште три емисии на обврзници за денационализација, со цел исплата на обврзниците кои ќе бидат утврдени со решенијата кои ќе станат конечни во претстојниот период.

Донесувањето на Законот за изменување на Законот за издавање на обврзници за денационализација е со цел зголемување на бројот на емисии на обврзници за денационализација од петнаесет на осумнаесет, како би можело да се опфатат барањата за денационализација по кои се одлучува во повторна постапка, а за кои е потребно дополнително издавање на обврзници.

Временската рамка за изготвување на предлог законот:16.07.2017 – 26.07.2017

Препорачуваме

Партнери на Правдико